екторот за внатрешни работи Струмица- Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „тешка кражба“ „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Canabis sativa и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Canabis sativa.

На 30.11.2020, по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, увид на местото извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по што се преземени соодветни мерки за откривање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.