Жител на Кочани е уапсен затоа што во својот дом имал поголемо количество разни пиротехнички средства.

На 21.12.2020 во 20.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода З.Р.(56) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 604 парчиња различни пиротехнички средства – информираат од МВР

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.