Полицијата изутрината го привела и однела во Oбвинителството Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата, кој завчера поднесе оставка од местото секретар во кабинетот на премиерот. Заедно со Рашковски е приведен и Даниел Станчевски, сопственик на компанијата Инвока, од каде Генералниот секретаријат набавил софтверот за сообраќај. Според неофицијални најави, двајцата ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Обвинителството бара притвор за двајцата.

Од Обвинителството во соопштение ги потврдија приведувањата и излегоа со детали за текот на истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.