Двајца дилери се приведени поради продажба на прашкаста материја.

На 24.07.2021 во 20.10 часот на ул.„Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Љ.Д.(45) од Охрид затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – стои во билтенот на МВР.

ПРиведен е и дваесетипетгодишен дилер од Куманиви.

На 25.07.2021 во 01.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(25) од Куманово затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – посочуваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.