Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска го привеле Р.Т.(39) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Врз основа на наредба за претрес на дом, издадена од Судија на претходна постапка од Основен суд Битола,  извршен е претрес во домот на Р.Т. во Битола, при што се пронајдени и одземени поголема количина марихуана, едно пакување амфетамин и масло од канабис, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најавува дека во координација со Јавен обвинител од ОЈО Битола, по документирање на случајот против Р.Т.  ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.