На 09.04.2021 во периодот од 12.55 до 13.55 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Охрид, извршен е претрес во дом и други простории кои ги користи М.А.(30) од Охрид.

При претресот се пронајдени и одземени 11 најлонски пакувања со кокаин. М.А. е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.