Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против М.С.(49) од Скопје поради основи на сомневање за сторенo кривичнo делo „загрозување на сигурноста“, казниво по чл.144 од Кривичниот законик.

– Вчера по добиена пријава за објавени сериозни закани по живот по пат на информатички систем (на социјалната мрежа Фејсбук), насочени кон Претседателот на Владата , Секторот за компјутерски криминал, по добиена судска наредба, изврши претрес  во домот на М.С., при кој се откриени и одземени предмети во врска со кривичното дело, а лицето е приведено, соопштуваат од МВР.

Од МВР информираат дека за случајот е известен дежурен јавен обвинител.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.