Полициски службеници од Одделот за потраги при Секторот за меѓународна полициска соработка го приведоа Р.К.(31) од Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 261 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, бараниот со потерница скопјанец е приведен утрово во 10.40 часот на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје,

Трисет и едногодишниот Р.К. ќе биде предаден на казнено поправна установа, наведуваат од МВР. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.