Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, утрово во 05.20 часот на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје, врз основа на судска наредба го лишиле од слобода Ј.Б.(25) од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.