Притвор во траење од 30 дена добија тројца струмичани осомничени за грабнување и силување на сограѓанка, соопшти Основното јавно обвинителство Струмица.

Против нив ќе се води истражна постапка за основано сомнение дека сториле кривично дело – Грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и Силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, како соизвршители, на 8 април заеднички грабнале една оштетена со намера да ја присилат на сексуален однос. Тие ја пресретнале жртвата на улица, на сила ја внеле во автомобил и се упатиле кон подземна гаража во центарот на Струмица. Таму насилно ја соблекле и еден од осомничените извршил обљуба.

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Струмица донесе Решение со кое на осомничените им определи мерка притвор.​​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.