Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на Порој за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 12 април, во преградата меѓу двете предни седишта на автомобил „хамер“ со тетовски регистарски ознаки, неовластено држел 99,91 грама наркотична дрога кокаин, како и наркотична дрога марихуана со засега неутврдена маса, спакувани во повеќе помали пакувања. При претрес на автомобилот биле пронајдени и две мали дигитални ваги.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.