Седум лица од тетовското село Боговиње вчера биле приведени од страна на полицијата поради физичка пресметка.

Б.М.(42), А.М.(53), З.М.(41), Е.Б.30), И.Б.(29), Ќ.Б.(58) и В.Б.(32), сите од с.Боговиње, тетовско, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која користеле тврди и остри предмети. Тие биле задржани во полициска станица за расчистување на случајот – велат од МВР.

Како што информираа од полицијата, подоцна, при претрес извршен во домот на Ќ.Б.(58), биле пронајдени гасен пиштол, куршуми и нож.

По документирање на случајот против пријавените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.