Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка и поднесе предлог за определување на мерката притвор за 32-годишниот скопјанец, кој на 10 јули 2020 година во автокампотот Градиште во Охрид извршил грубо насилство  врз три лица.

Основниот суд во Охрид го прифати предлогот на Обвинителството, па со решение на осомниченото лице му е определен притвор во траење од осум дена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Како што информираат од Јавното обвинителство, осомничениот извршил напад над оштетените со нож и дрвена палка, со кои им нанел телесни повреди, а во исто време кај оштетените и присутните сведоци предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност.

Нападот следел откако претходно, осомниченото лице ја загрозило сигурноста на оштетените кои повикале полиција. По интервенција на полицијата, осомничениот се оддалечил, но откако си заминале службените лица, тој се вратил и ги нападнал оштетените. Со тие дејствија, како што се наведува, осомничениот го сторил кривичното дело „насилство“ од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.