Судија на претходна постапка изрекол мерка притвор за прво и второосомничените за несреќата кај Ласкарци, односно за Дурмиш Белули, сопственикот на “Дурмо Турс” и раководителот вработен во неговата фирма, објави 24.мк.

За третоосомничениот, кој е еден од одговорните лица во компанијата е изречена мерка куќен притвор. За останатите осомничени се очекуваат одлуките во следните неколку часа. Обвинителството бараше и притвор за возачот на црвениот автобус Маноил Трифуновски. Скопското обвинителство покрена истрага против седум лица како одговорни за катастрофалната несреќа во која загинаа 15 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.