Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(40) од Гевгелија, поради постоење основи на сомение за сторени 46 кривични дела, од кои 16 „измама“, 12 „измама во обид“ и 18 „злоупотреба на лични податоци“, а Основниот суд Гевгелија му определи мерка притвор во траење од осум дена.

Пријавениот, како што информира МВР, во периодот од 28.10.2019 до 02.02.2020, во вкупно 28 наврати довел во заблуда вкупно 18 физички лица, на тој начин што лажно се претставувал дека е вработен како службено лице во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, како и во други државни институции и приватни правни субјекти кои вршат дејност од јавен интерес (банки, извршители итн.).

Пријавениот ги убедувал оштетените лица дека за да се стекнат со парични средства по разни основи од сметката на Фондот и други државни институции, треба да уплаќаат дополнителни парични средства на негово име на различни начини (електронски, по пошта или давање парични средства на рака преку трети лица). На тој начин, И.П. се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 54.650 денари, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.