Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Н.А.(28) и М.А.(17) од село Патишка река, општина Сопиште и Ф.Ќ.(34) од село Страхојадица, општина Зелениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Н.А. и М.А. со лажно прикажување и прикривање на факти го довеле во заблуда В.Ј.(65) од село Ранченци, општина Свети Николе, при што противправно му одзеле 14 грла говеда, од кои 10 ги присвоил и пренел Ф.Ќ., ветувајќи му дека парите ќе му ги дадат на денот на купопродажбата од кои дел во готово, а останатите на трансакциска сметка ќе бидат уплатени на неговиот син преку нивна фирма.

Со извршеното кривично дело пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 615.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.