Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 18 август оштетениот, 72 – годишен жител на с. Равен, гостиварско ја поканил осомничената во својот дом. По неа за кратко време пристигнале нејзиниот син и невенчаниот сопруг. Тројцата осомничени физички го нападнале оштетениот и му одзеле пари и златен накит.

Заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен, по што судот на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.