На улица „Широк Сокак“ во Битола, вчера полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Љ.М. (69) од Прилеп.

Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, a при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.