Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршиле претрес во дом и други простории во село Житоше кај И.А.(43), при што се пронајдени и одземени едеб пиштол „Роси“ калибар 22 милиметри, пет куршуми 22 милиметри, 12 куршуми калибар 7,62 х 25 милиметри, еден сигнален пиштол и една рамка за пиштол „црвена застава“ М-57, за кои не поседувал дозвола.

Од МВР информираат дека по документирање на случајот против И.А. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по чл.396 од Кривичниот законик. ц

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.