Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџоски, утрово е повикан да даде исказ во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција во врска со зголемувањето на плати на членовите на Судскиот совет.

Со одлука на Советот, во декември 2018 година, членовите донесоа одлука да си ги зголемат платите, како и платите на судиите, за 35 насто, односно за 21.000 денари.

Кон крајот на 2018 година, Обвинителството отвори предмет по допрен глас. Ќе се испитува основаноста на донесените одлуки и ќе се истражува евентуална кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.