Портпаролот на судот во Штип, Јулијана Неткова, во изјава за „Сител“ вели дека денеска новоизбраниот претседател на судот во Штип, Ѓорѓи Андонов, забранил да се даваат изјави за случајот со Игор Спасов.

Судот во текот на денот ќе издал соопштение на својата интернет страница, вели Неткова за телевизијата.

Осудениот убиец на Мартин Нешковски добил дозвола од штипскиот суд да го напушти затворот и да користи боледување од една година и два месеца. Од специјалецот, кој требало да се врати во затворот „Идризово“ во петокот, на 18 октомври, нема ни трага, ни глас скоро две недели.

По неуспешната потрага во државата, полицијата по барање на штипскиот суд распиша меѓународна потерница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.