На подрачјето на Гази баба вчера околу 16:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(24) од село Марино, скопско, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „тешка кражба“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом бил пронајден амфетамин и табакера со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.