Пукање попладнево ги вознемири жителите на скопската населба Бутел, а според полицијата, станува збор за напад врз две лица, во кој има повредени.

„Денеска околу 16,40 часот во МВР е пријавено дека на паркингот на ОУ Живко Брајковски на ул.Хо Ши Мин, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото“, соопшти МВР.

Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето, додаваат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.