Скопјанец настрадал во престрелка меѓу две групи на улицата Хо Ши Мин, попладнево во Бутел, објави 24 Инфо.

Како што дознаваме, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.

Во инцидентот едно лице било застрелано во нога и е пренесено во Поликлиника „Чаир“. Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.