Престрелка попладнево во Бутел меѓу две групи – едно лице е застрелано во нога

Црна хроника 23.11.2021 / 18:19

Скопјанец настрадал во престрелка меѓу две групи на улицата Хо Ши Мин, попладнево во Бутел, дознава 24 Инфо.

Како што дознаваме, на престрелката меѓу две групи и претходела брканица со автомобили низ населбата, па и околу Основното училиште „Живко Брајковски“. За среќа нема настрадано деца и други минувачи.

Во инцидентот едно лице било застрелано во нога и е пренесено во Поликлиника „Чаир“.

Повредено е уште едно лице, но не е познато дали станува збор за повреди од огнено оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.