Вистинска драма среде полициски час се случува во Кочани. Според првичните информации се работи за конфликт во кој има неколкумина повредени.

Веќе подолго време има тензии помеѓу месност Трајаново Трлово и Усова чешма каде едни покрај други живеат припадници на ромско население и македонско социјално загрозено население. Македонското население повеќе пати барало заштита од локалната полиција поради се почестите кражби од страна на ромското население. Со состојбата бил запознаен и градоначалникот, а се случувале и протести на локалците.

Според Инфомакс ситуацијата ескалирала денеска откако Ром бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. После настанот Ромот се вратил со повеќе лица назад на местот на злосторството со цел да се пресмета со македонското население, тие со себе носеле хебли, палки и секира со цел да се пресметаат со македонското население кое го фатило крадецот.

Ова резултирало со меѓусебна физичка пресметка на двете групи и со четворица повредени, а се слушнале и неколку истрели од огнено оружје. Нема информации за тоа во каква состојба се наоѓаат повредените од пресметката и дали има лица со прострелни рани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.