Во понеделникот во ОВР Кочани, 43-годишна жена од Кочани со својата малолетна ќерка пријавиле дека од профил преку социјалната мрежа Инстаграм биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за малолетничката.

Полициски службеници од ОВР Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презедоа мерки за расчистување на кривично – правниот настан, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле две малолетни лица на кое им биле одземени мобилните телефони и компјутери. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО Кочани – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.