Вчера во 16.10 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Тетово во содејство со инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на К.К.(35) од Тетово, соопшти денес МВР.

Додаваат дека при контролата било констатирано дека објектот не ги почитува здравствените прописи за време на епидемија, односно во моментот имало организирана свадбена веселба со околу 110 гости. Свадбата била прекината, а објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Сопственикот К.К. е лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.