Лошите временски услови ја прекинаа потрагата по 16 годишното момче, кое вчера по 18 часот исчезна во водите на Преспанското езеро. По 20 часа од пријавата, на лице место пристигна тим од 4 нуркачи од МВР, но ниту тие не успеаа во потрагата.

Според информациите, целата акција ќе продолжи во текот на утрешнито ден.

Информациите се дека едно од децата додека се капело на местото каде што стигнале со педалинката исчезнало.

Во полиција од страна на итната помош синоќа околу 18 часот и 18 минути било пријавено дека исчезнато е дете во водите на езерото на плажа во Претор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.