Загина шестгодишно дете, жртва на тетовските улици и возачи.

Вчеравечер околу 18 часотна ул.„Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.В.(30) од с.Фалише, тетовско, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

По незгодата пешакот бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.