Тешко повредено е девојче од Кочани, откако во неа налетало возило, чиј возач веднаш го напуштил местото на несреќата.

Како што соопшти МВР, вчера во 17.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Страшо Ербапче“ непознато патничко возило удрило во малолетен пешак од Кочани и го напушило местото на несреќата.

Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид од екипа од Полициската станица Кочани и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.