Дете е тешко повредено откако во него удрило возило, а возачот наместо да помогне, го напуштил местото на несреќата.

Од МВР велат дека во 13:30 часот во Прилеп, на улица „Браќа Ламески“, патничко возило удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото на несреќата.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.