Петгодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди откако било прегазено од мотоцикл во Струмица.

Вчера во 20:30 часот било пријавено дека во село Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот Ш.И. од село Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од село Банско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица, информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.