На крстосницата од улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, синоќа околу 19:30 часот, прилепчанецот З.М.(54) управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп.

Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп.

Извршен е увид на местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.