Двајца пешаци, во одделни случаи, се прегазени. Едниот во Радовиш, другиот во Штип.

-На 02.12.2022 околу 10.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Блаже Коневски“ во Радовиш, патничко возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.П.(62) од Радовиш, удрило во пешакот Т.К.(66) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.К., констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш, соопшти МВР.

Истиот ден пак, неколку часа подоцна на паркинг настрадал 75-годишен штипјанец.

-На 02.12.2022 околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Сутјеска“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.С.(75) од Штип, удрило во пешакот К.М.(75) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.М., констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.