Вчеравечер во 21.30 часот на улица „Душан Тасковиќ“ во Скопје, патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(42) од Скопје, удрило во пешакот Н.Ќ.(70) од Скопје, соопштија денеска од МВР.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила Н.Ќ. и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.