Скопјанка е тешко повредена откако врз неа налетало возило. Инцидентот се случил вчеравечер, а во 19,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовска бригада“ патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.М.(67) од Скопје удрило во З.А.(59) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.А., која била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.