Во 07.30 часот во близина на крстосницата од улиците „Бледски договор“ и „Илинден“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, удрило во пешак.

Се работи за 40-годишната М.А. од Скопје која била прегазена и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Возачот избегал од местото на настанот.

Увид бил извршен и се преземат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.