Вчераво 17.40 часот било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“, после крстосницата со ул.„Волгоградска“ (Карпош 4), патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(43) од Скопје удрило во велосипедистката М.Б.А.(64) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Б.А., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.