Вчеравечер во 23,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Војвода Васил Чакаларов“ и улицата „Козле-6“ патничко моторно возило „пежо 106“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.З.(61) од Скопје удрило во И.Д.(18) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.Д., која била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.