Вчера во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“, бул.„Кочо Рацин“, бул.„Кузман Јосифоски – Питу“ и Кеј „13 Ноември“, патничко возило „форд фјужн“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.А.(63) од Скопје, удрило во С.М.(24) од Крива Паланка.

Во несреќата С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Станува збор за крстосницата кај хотелот „Холидеј ин“, каде до вчера неколкукратно беше зголемен сообраќајниот метеж поради блокираните крстосници кај „Црвен крст“ и кај „Мавровка“. Дополнително, тука има и стојалиште за таксисти, а во тек се и градежните работи околу висококатниците, како и асфалтирањето на улицата кај „Веро Џамбо“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.