Пешак е тешко повреден во несреќата што се случила вчера во 12.00 часот на ул.„Малешевска“ во Скопје.

Патничко возило „фиат брава“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (24) од Скопје, удрило во пешакот Ш.Е.(48) од с.Морани, скопско, велат од МВР.

Во незгодата, Ш.Е. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.