Автомобил „Опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.З.(36) од с.Врапчиште, гостиварско вчера попладне на бул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар удрил во пешакот Ј.П.(77) од Гостивар.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.