Скопјанец е тешко повреден откако во него удри возило сред бел ден во Бутел.

Инцидентот бил прјавен вчера во 12.06 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, на крстосница од ул.„Александар Урдаревски“ со сервисна улица што ја поврзува со ул.„Петар Манџуков“, патничко возило удрило во С.С.(67) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот.

С.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.