Вчеравечер во 23.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(60) од Тетово, удрило во електрична инвалидска количка управувана од Г.М.(24) од Тетово.

Во несреќата со повреди се здобил Г.М., констатирани во Клиничка болница Тетово.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршил увидна екипа од СВР Тетово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.