Вчера напладне на улицата „Полог“ во Тетово, патничко моторно возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(38) од Тетово, удрило во малолетен пешак од Тетово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош, соопшти МВР во дневниот билтен.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.