Педесет и двегодишен пешак од Струга загинал во сообраќајна незгода, откако во него удрило мотороно возило во близина на индустриската зона во Струга.

СВР Охрид соопшти дека незгодата се случила на 21-ви овој месец во 20 часот и 55 минути на магистралниот пат Струга – Ќафасан, кога непознато моторно возило удрило во пешакот Н.Н.(52) од Струга.

Лицето било пренесено во Општата болница во Струга каде им подлегнало на повредите. Возачот на автомобилот, го напуштил местото на сообраќајната незгода, а по извршениот увид од јавен обвинител и полициски екипи, ОВР Струга презема мерки за расчистување на настанот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според првичните информации, возилото продолжило да се движи кон Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.