Осумдесен и едногодишен штипјанец со тешки телесни повреди е префрлен во болница откако бил прегазен од автомобил.

Во текот на вчерашниот ден во 09:50 часот било пријавено дека во Штип, на крстосницата на улиците „Партизанска“ и „Сремски фронт“, патничко возило „цитроен ц3“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(38) од Штип, удрило во пешакот Б.Д.(81) од Штип.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип – се наведува во билтенот на МВР.

Како што информираат од полицијата, извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.