Одделот за гранични работи и миграции, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминали и корупција, поднесе кривична пријава против С.М.(18) од село Иловица и А.А.(28) од село Василево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Од МВР појаснуваат дека на 16.05.2020 во 10.30 часот, полициски службеници на Одделот за гранични работи и миграции на автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“ дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало, по што на влез во Куманово возачот С.М. предизвикал сообраќајна незгода, удирајќи во патничко возило „шкода октавија“ со кумановски регистарски ознаки.

Веднаш потоа, пријавените го напуштиле местото, но биле пронајдени во двор на училиште во Куманово. При извршен преглед во патничкото возило биле пронајдени осум лица мигранти од Пакистан, стои во денешното соопштение од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.