Секторите за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на 1 јануари од 10 до 18 часот санкционирале 509 возачи при засилена акциска контрола за управување возило со брзина поголема од дозволената.

Како што соопштуваат од министерството за внатрешни работи, на подрачјето на СВР Тетово биле санкционирани 94 возачи за брзо возење, СВР Скопје евидентирало 80 казни, 70 санкции за брзо возење се констатирани на подрачјето на СВР Битола, 61 на СВР Охрид, а една помалку (60) на подрачјето на СВР Куманово.

СВР Струмица регистрирало 59 казни, СВР Штип – 48 санкции, СВР Велес – 25, а од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата се санкционирани 12 возачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.